Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Поучувај за вистината

Поучувај за вистината

Почнувајќи од септември, ќе има нов вид предлог-презентации со наслов „Поучувај за вистината“. Наша цел ќе биде да споделиме некоја основна библиска вистина со луѓето така што ќе користиме прашање и стих.

Ако увидиме дека станарот покажува интерес, би можеле да му ја разбудиме љубопитноста така што ќе му оставиме некоја публикација или ќе му покажеме видеоклип од нашата интернет-страница. Би било добро да се потрудиме по една или две седмици повторно да наминеме кај оние што покажале интерес за да го продолжиме разговорот. Новите презентации и задачи ќе се темелат на книгата Што навистина учи Библијата? Во поглавјата од оваа книга ќе најдеме и други прашања и стихови кои ќе ни помогнат да правиме повторни посети или да проучуваме со луѓето користејќи ја само Библијата.

Само еден е патот што води до вечен живот (Мт 7:13, 14). Бидејќи луѓето на кои им проповедаме имаат различна религија и потекло, треба да им пренесуваме библиски мисли што нив ќе ги интересираат (1Ти 2:4). Со текот на времето, ќе научиме повешто да зборуваме на разни библиски теми и исправно да ја користиме „речта на вистината“ (2Ти 2:15). Така ќе бидеме порадосни и ќе можеме на подобар начин да ги поучуваме другите за вистината.