ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Поуката од Бог ги искоренува предрасудите
Јехова не е пристрасен (Де 10:34, 35). Тој ги прифаќа луѓето „од сите народи и племиња и народности и јазици“ (От 7:9). Затоа, во собранието нема место за предрасуди или за пристрасност (Јк 2:1-4). Благодарение на поуката од Бог, уживаме во духовен рај во кој Божјите слуги стануваат подобри личности (Иса 11:6-9). Кога даваме сѐ од себе за да ја искорениме секоја предрасуда од нашето срце, ќе покажеме дека сакаме да бидеме послични на нашиот Бог (Еф 5:1, 2).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЏОНИ И ГИДИОН: НЕКОГАШ НЕПРИЈАТЕЛИ, А СЕГА БРАЌА. ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Зошто поуката од Бог е многу поделотворна од човечките обиди да се искоренат дискриминацијата и предрасудите?
-
Што ти се допаѓа најмногу во нашето меѓународно братство?
-
Како го славиме Јехова кога се трудиме да го одржиме единството?