Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСАИЈА 1-5

„Да појдеме на Јеховината гора“

„Да појдеме на Јеховината гора“

2:2, 3

„Во последните денови“

Времето во кое живееме

„Гората на Јеховиниот дом“

Возвишеното обожавање на вистинскиот Бог

„Сите народи ќе се слеваат кон неа“

Помеѓу оние што му служат на вистинскиот Бог владее единство

„Дојдете! Да појдеме на Јеховината гора“

Вистинските слуги на Бог ги канат и другите да им се придружат

„Тој ќе нѐ поучува за своите патишта и ќе одиме по неговите патеки“

Преку својата Реч, Јехова нѐ поучува и ни помага да живееме во склад со неговата волја

2:4

„Повеќе нема да учат да војуваат“

Со тоа што рекол дека Јеховините слуги ќе го прековаат оружјето во земјоделски алатки, Исаија укажал дека тие ќе бидат миротворци. За какви земјоделски алатки станува збор?

„Мечеви во плугови“

1) Плугот, односно ралото, се користел за орање. Кај некои плугови, делот што се заривал во земјата бил метален (1Са 13:20).

„Копја во српови“

2) Српот во овој стих можеби укажува на сор — срповиден градинарски нож кој се состоел од метално сечило и рачка. Овој алат се користел за кроење лозје (Иса 18:5).