Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — да им помагаме на оние кои исправно гледаат на вечниот живот да станат ученици

Стани повешт во службата — да им помагаме на оние кои исправно гледаат на вечниот живот да станат ученици

ЗОШТО Е ВАЖНО: Јехова предизвикува семето на вистината да расте во срцето на оние кои исправно гледаат на вечниот живот (Де 13:48; 1Ко 3:7). Ние соработуваме со него кога нашето внимание во службата го насочуваме кон оние кои сакаат да постапуваат во склад со она што го учат (1Ко 9:26). Лицата со кои ја проучуваме Библијата треба да сфатат дека, доколку сакаат да добијат спасение, неопходно е да се крстат (1Пе 3:21). Ние им помагаме да станат ученици со тоа што ги учиме да прават промени во животот, да проповедаат и да поучуваат и со тоа што ги поттикнуваме да му го заветуваат својот живот на Јехова (Мт 28:19, 20).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Потсетувај ги оние со кои ја проучуваш Библијата дека целта е добро да го запознаат Јехова и да му бидат послушни (Јвн 17:3).

  • Помогни им да надминат некои препреки поради кои не можат духовно да напредуваат, на пример, лошите навики или лошото друштво.

  • Зајакнувај ги и охрабрувај ги и пред и откако ќе се крстат (Де 14:22).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЈЕХОВА ЌЕ ТИ ПОМОГНЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Поради кои стравови некој може да се колеба да му го заветува животот на Јехова и да се крсти?

  • Како можат старешините да им помогнат на интересентите духовно да напредуваат?

  • Што ни кажува Исаија 41:10 во врска со Јехова?

  • Кои особини ќе ни помогнат да му служиме на Јехова на исправен начин иако сме несовршени?

Како соработуваме со Јехова додека им помагаме на другите да станат ученици?