Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — биди приспособлив

Стани повешт во службата — биди приспособлив

ЗОШТО Е ВАЖНО: Помазаниците и другите овци ги канат сите луѓе да земат „бесплатно од водата на животот“ (От 22:17). Оваа симболична вода го претставува сето она што Јехова го направил за послушните луѓе да бидат ослободени од гревот и смртта. Бидејќи луѓето имаат најразлични обичаи и верувања, треба да се трудиме да размислуваме за секој поединец за да може да му ја пренесеме добрата вест на начин со кој ќе побудиме интерес кај него (От 14:6).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Избери тема и стих со кои ќе допреш до срцето на луѓето што живеат на твоето подрачје. Можеш да избереш некој од предлозите за разговор или, пак, некоја твоја презентација со која си имал успех. Кои теми и стихови им се интересни на луѓето? Дали се случил некој настан за кој луѓето размислуваат и зборуваат? Што би ги интересирало мажите, а што жените?

  • Поздрави го станарот на начин кој е вообичаен на твоето подрачје и, кога разговараш со него, земи ги предвид локалните обичаи (2Ко 6:3, 4).

  • Добро запознај се со содржината на нашите главни публикации и видеоклипови за да можеш да ги употребиш кога некој ќе покаже интерес.

  • Спушти на твојот уред публикации и клипови на јазиците што се зборуваат на твоето подрачје.

  • Приспособи ја презентацијата имајќи го на ум станарот (1Ко 9:19-23). На пример, што би можел да му кажеш ако дознаеш дека неодамна му починал некој близок?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • На која тема објавителот започна разговор со станарот?

  • Што се случуваше во животот на станарот?

  • Кој стих најмногу одговараше за оваа ситуација, и зошто?

  • Како ти ја приспособуваш твојата презентација за да побудиш интерес кај луѓето на твоето подрачје?