ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Продолжи да ги користиш списанијата
Од 2018 год., во секое од нашите списанија за јавност се разгледува по една тема. Овие списанија спаѓаат во нашите главни публикации за служба. Затоа можеме да ги користиме во службата. Исто така, може да си носиме со нас неколку списанија кога патуваме или пазаруваме. Иако списанијата не се наменети за да ја проучуваме Библијата со луѓето, тие можат да разбудат желба во некого да дознае нешто повеќе за Бог.
Уште при првиот разговор, откако ќе му прочитаме некому библиски стих, можеме да му понудиме списание кое е на тема што го интересира. На пример, ако е семеен човек, ако му починал некој близок или ако е под стрес, би можеле да кажеме: „Неодамна прочитав една интересна статија во врска со тоа. Дали би сакале да ви ја покажам?“ Ако видиме дека лицето е заинтересирано, уште при првиот разговор би можеле да му оставиме списание или да му кажеме дека ќе му испратиме електронско издание од списанието. Иако главна цел во службата не ни е да даваме списанија, сепак тие можат да ни помогнат да ги најдеме лицата кои ќе сакаат да постапуваат според она што ќе го научат (Де 13:48).
2018
2019
2020
Кои теми ги интересираат луѓето на твоето подрачје?