Треба да бидеме чисти и неизвалкани за да го обожаваме Јехова на прифатлив начин
За да ја зачуваме Божјата љубов, треба да бидеме чисти и одвнатре и однадвор. Треба цврсто да се држиме за Јеховините мерила за физичка, морална и духовна чистота, без оглед како постапуваат луѓето околу нас. Внимаваме да немаме ништо заедничко со она што нашиот небесен Татко го смета за нечисто.
Како ни користи тоа што ги отфрламе мерилата на овој свет?