ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Дали сакаш да присуствуваш на Школата за полновремени објавители?
Дали си на возраст меѓу 23 и 65 години и си во полновремена служба? Дали имаш добро здравје и дали си во можност да служиш онаму каде што има поголема потреба? Ако одговорот на овие прашања е да, дали би сакал да пополниш молба за Школата за полновремени објавители? Откако почна да се одржува оваа школа, за неа се пријавиле илјадници брачни парови и браќа и сестри кои не се во брак. Но сѐ уште има потреба од неженети браќа кои ќе поднесат молба за оваа школа. Моли го Јехова да развиеш желба да правиш повеќе во службата и да го следиш примерот на неговиот Син (Пс 40:8; Мт 20:28; Ев 10:7). Потоа, размисли дали би можел да направиш некои промени, на пример во работата или во некои други лични обврски, за да можеш да ги исполниш условите да присуствуваш на оваа школа.
Какви можности во службата им се отвораат на оние што ја завршуваат оваа школа? Некои добиваат задача да служат на места каде што се зборува друг јазик или да учествуваат во посебната програма за сведочење на прометни места во поголемите градови. Некои подоцна служат како заменици на покраинскиот надгледник, како покраински надгледници или како мисионери. Додека размислуваш кои работи би можел да ги правиш во службата за Јехова, труди се да го имаш ставот што го имал пророкот Исаија, кој рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса 6:8).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МИСИОНЕРИ — РАБОТНИЦИ НА ЖЕТВАТА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како се избираат мисионерите?
-
Што постигнуваат мисионерите на своите задачи?
-
Какви благослови им носи овој вид служба?