Што учиме од денот на очистувањето
Што учиме од тоа што на денот на очистувањето се користел темјан?
-
Молитвите на верните Јеховини слуги се како темјан (Пс 141:2). Кога влегувал да застане пред Јехова со запален темјан, првосвештеникот го правел тоа со голема почит. Така и ние, кога му пристапуваме на Јехова во молитва, го правиме тоа со длабока почит.
-
Првосвештеникот морал да го запали темјанот пред да ги принесе жртвите. Тој морал да го направи тоа за да му угоди на Јехова и жртвите да бидат прифатливи за Него. Слично на тоа, пред да го даде својот живот, Исус морал да остане верен и послушен во текот на целиот свој живот на Земјата за да може Јехова да ја прифати неговата жртва.
Што треба да правам за Јехова да ги прифати моите жртви?