Христос страдаше за нас
„Беше презрен и избегнуван од луѓето... Мислевме дека Бог му создава неволја, дека тој го удира и му нанесува болка“
-
Исус бил презрен од луѓето и обвинет дека хули на Бог. Некои мислеле дека Бог го казнува така што му нанесува неволја и болка
„На Јехова му беше по волја да го сотре... и со негова рака ќе се оствари она што го сака Јехова“
-
За Јехова сигурно било многу болно да гледа како го убиваат неговиот Син. Но, се радувал што Исус останал верен до крај. Со својата смрт, Исус дал одговор на спорното прашање што го покренал Сатана во врска со верноста на Божјите слуги и им донел благослови на луѓето што се каат за своите гревови. На тој начин, била извршена Јеховината волја