Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСАИЈА 58-62

Објавувај ја годината на Јеховината милост

Објавувај ја годината на Јеховината милост

„Годината на Јеховината милост“ не е дословна година

61:1, 2

  • Тоа е период во кој Јехова им дава можност на кротките да ја прифатат пораката за слобода

  • Во првиот век, годината на милост започнала 29 год. од н.е., кога Исус ја почнал својата служба, а завршила со „денот на одмаздата“ на Јехова во 70 год. од н.е., кога Ерусалим бил уништен

  • Во наше време, годината на милост започнала 1914 год., кога Исус станал Цар на небото, а ќе заврши со големата неволја

Јехова го благословува својот народ со „дрвја на праведноста“

61:3, 4

  • Хебрејскиот збор за „дрвја“ во овој стих укажува на големи и силни дрвја

  • Највисоките дрвја во светот обично растат во шуми. Тоа што растат заедно, им служи како заштита

  • Корењата честопати им се испреплетени, а тоа ги прави постабилни и поотпорни на бури

  • Со својата сенка, поголемите дрвја ги штитат помладите дрвца, а лисјата што паѓаат служат како природно ѓубриво за почвата

Сите Божји слуги наоѓаат поддршка и заштита меѓу дрвјата на праведноста, односно помазаниците кои сѐ уште се на Земјата