Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Радувај се на твојата надеж

Радувај се на твојата надеж

Надежта е како котва (Ев 6:19). Таа ни помага да не доживееме духовен бродолом кога се соочуваме со бури во животот (1Ти 1:18, 19). Такви бури може да бидат разочарување поради сопствените грешки, финансиска загуба, тешка болест, смрт на некој близок или било каков испит на нашата верност.

Верата и надежта ни помагаат наградата да ни биде реална (2Ко 4:16-18; Ев 11:13, 26, 27). Сеедно дали имаме надеж за вечен живот на небото или на Земјата, мора редовно да ја зајакнуваме така што длабоко ќе размислуваме за ветувањата од Божјата Реч. Така полесно ќе ја задржиме радоста кога ќе се соочиме со неволји (1Пе 1:6, 7).

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ РАДУВАЈ СЕ НА ТВОЈАТА НАДЕЖ, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто Мојсеј е добар пример за нас?

  • Каква одговорност имаат семејните поглавари?

  • Што би можеле да разгледате на Семејната вечер?

  • Како надежта може да ти помогне храбро да се соочиш со неволјите?

  • Кој благослов со нетрпение го чекаш во новиот свет?