Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Почитувај ги татка си и мајка си“

„Почитувај ги татка си и мајка си“

Кога Исус бил на Земјата, ја кажал следнава заповед: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (2Мо 20:12; Мт 15:4). Исус со право можел да го каже ова бидејќи како дете и самиот им бил послушен на родителите (Лк 2:51). А како возрасен, тој се погрижил да има кој да ја чува мајка му по неговата смрт (Јвн 19:26, 27).

И денес младите покажуваат почит кон родителите со тоа што им се послушни и внимаваат како зборуваат со нив. Всушност, заповедта да ги почитуваме своите родители никогаш нема да застари. Дури и откако тие ќе остарат, треба да продолжиме да ги почитуваме така што ќе црпиме од нивното знаење и искуство (Из 23:22). Покажуваме почит кон нашите остарени родители и со тоа што се грижиме за нив во емоционален поглед, а ако е потребно и финансиски (1Ти 5:8). Било да сме помлади или постари, уште еден важен начин на кој ќе покажеме почит кон родителите е тоа што ќе одржуваме добра комуникација со нив.

ГЛЕДАЈ ЈА ПОУЧНАТА АНИМАЦИЈА КАКО ДА ЗБОРУВАМ СО МОИТЕ РОДИТЕЛИ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што би можело да ти отежнува да зборуваш со твоите родители?

  • Како ќе покажеш почит кон родителите кога зборуваш со нив?

  • Зошто вреди да се трудиш да комуницираш со родителите? (Из 15:22)

    Разговорите со твоите родители може многу да ти помогнат во животот