Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 14-15

Преку неколкумина, Исус храни мнозина

Преку неколкумина, Исус храни мнозина

Кратко пред Пасхата во 32 год. од н.е., Исус го направил единственото чудо што е запишано во сите четири евангелија.

Она што Исус го направил со ова чудо, го прави и денес.

14:16-21

  • Исус им рекол на учениците да нахранат едно големо мноштво иако тие имале само пет леба и две риби

  • Исус ги зел лебот и рибите и, откако се помолил, им ги подал на своите ученици кои потоа им ги поделиле на луѓето

  • Ова било вистинско чудо бидејќи имало повеќе од доволно храна за секого. Исус нахранил илјадници преку рацете на неколкумина — своите ученици

  • Исус прорекол дека во последните денови тој ќе им дава на своите слуги духовна храна во вистинско време (Мт 24:45)

  • Во 1919 год. Исус поставил „верен и разборит роб“ — мала група помазани христијани кои им даваат духовна храна на неговите слуги

  • Преку оваа мала група помазани христијани, Исус и денес го прави истото што го правел во првиот век

На кои начини можам да покажам ценење за верниот роб кого Исус го поставил да дели духовна храна?