Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — вешто користи прашања

Стани повешт во службата — вешто користи прашања

ЗОШТО Е ВАЖНО: Ако размислувањата на човековото срце се како длабока вода, тогаш прашањата се како кофа со чија помош ќе ги извадиш (Из 20:5). Преку прашањата, го вклучуваме во разговор оној што нѐ слуша и откриваме како размислува. Исус секогаш поставувал прашања кои биле на место. Како може да го следиме неговиот пример?

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Користи прашања преку кои ќе го дознаеш гледиштето на оној со кого разговараш. Во една прилика, Исус им поставил неколку прашања на учениците за да види како гледаат на една работа (Мт 16:13-16; be стр. 238, пас. 4-6). Кои прашања би ги употребил ти за да го дознаеш гледиштето на соговорникот?

  • Користи прашања кои водат до одговорот. Кога сакал да го исправи Петар за една работа, Исус му поставил неколку прашања, а му понудил и можни одговори за да му помогне да дојде до исправниот заклучок (Мт 17:24-26). Кои прашања би ги употребил за да помогнеш некому да дојде до исправен заклучок?

  • Пофалувај го твојот соговорник. Исус пофалил еден книжник кој дал добар одговор на едно прашање (Мр 12:34). Како можеш да пофалиш некој што одговорил на твоето прашање?

ГЛЕДАЈТЕ ГО ПРВИОТ ДЕЛ ОД КЛИПОТ ИЗВРШУВАЈ ГО ДЕЛОТО ШТО ГО ВРШЕЛ ИСУС — ПОУЧУВАЈ, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Иако објавителот пренесе точни информации, зошто ова е пример за лошо поучување?

  • Зошто не е доволно само да ги објасниме информациите?

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ОВОЈ КЛИП, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како објавителот вешто користеше прашања?

  • Што друго можеме да научиме во врска со поучувањето од него?

Како нашиот начин на поучување може да се одрази врз другите? (Лк 24:32)