Внимавај да не бидеш камен за спрепнување
Исус преку споредби покажал колку мора да внимаваме да не се спрепнеме самите и да не спрепнеме некој друг.
18:6, 7, фус.
-
Што е „камен за спрепнување“? Постапка или ситуација поради која некој ќе почне да постапува неисправно, ќе попушти во морален поглед или ќе направи грев
-
На оној што ќе спрепне некого подобро ќе му биде да му обесат мелнички камен околу вратот и да го фрлат во морските длабочини
-
Исус ги поучил своите следбеници да отстранат сѐ што би можело да ги спрепне, макар и да е нешто што им е многу важно како, на пример, раката или окото
-
Подобро би било да влеземе во Божјето Царство без некои работи што многу ни значат, отколку да завршиме во Геената, која е симбол за вечно уништување
Дали во мојот живот има нешто што би можело да стане камен за спрепнување, и што треба да правам за да не ме спрепне мене или некој друг?