Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Она што не го гледаме, тоа истрајно го очекуваме“

„Она што не го гледаме, тоа истрајно го очекуваме“

Колку долго чекаш да дојде Божјето Царство? Дали стрпливо истрајуваш и покрај тешкотиите? (Ри 8:25). Некои христијани се соочуваат со омраза, малтретирање, затворски казни, па дури и животот им е во опасност. Многу други се борат со здравствени проблеми, старост и слично.

Што ќе ни помогне да бидеме истрајни додека минуваме низ тежок период? Мора да си ја зајакнуваме верата така што секој ден ќе ја читаме Библијата и длабоко ќе размислуваме за она што сме го прочитале. Мора да мислиме на нашата надеж (2Ко 4:16-18; Ев 12:2). Исто така, мора сесрдно да го молиме Јехова да ни го дава својот моќен свет дух (Лк 11:10, 13; Ев 5:7). Нашиот мил Татко ќе ни помогне да истраеме и да бидеме „долготрпеливи со радост“ (Кол 1:11).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СО ИСТРАЈНОСТ ДА ЈА ТРЧАМЕ ТРКАТА“ — БИДИ УВЕРЕН ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВОИШ НАГРАДАТА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви непредвидени настани можат да нѐ снајдат во животот? (Про 9:11)

  • Како ни помага молитвата кога се соочуваме со неволји?

  • Ако во службата за Јехова повеќе не можеме да правиме онолку колку што сме правеле порано, зошто е важно да се концентрираме на она што сѐ уште можеме да го правиме?

  • Мисли на наградата

    Што ти помага да останеш уверен дека ќе ја освоиш наградата?