Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — кога да прекинеш некој библиски курс

Стани повешт во службата — кога да прекинеш некој библиски курс

ЗОШТО Е ВАЖНО: За да бидат спасени, луѓето мора да го повикуваат името на Јехова (Ри 10:13, 14). Но, иако некои сакаат да ја проучуваат Библијата, не се спремни да живеат според Јеховините мерила. Затоа, најдобро ќе го искористиме нашето време во службата ако им помагаме на оние што се вистински спремни да прават промени за да му угодат на Јехова. Ако еден интересент не покажува знаци на напредок по извесен временски период, мудро е да прекинеме да проучуваме со него и да им посветиме внимание на оние што Јехова ги привлекува кон себе и кон својата организација (Јвн 6:44). Се разбира, ако тоа лице во иднина почне да прави промени и така покаже дека исправно гледа „на вечниот живот“, ќе ни биде мило пак да почнеме да проучуваме со него (Де 13:48).

КАКО ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА:

  • Пофали го интересентот затоа што сака да учи за Библијата (1Ти 2:4).

  • Истакни колку е важно да го применува она што го научил (Лк 6:46-49).

  • На љубезен начин објасни ја споредбата на Исус за сејачот, и поттикни го да размисли што го спречува да прави промени (Мт 13:18-23).

  • Тактично објасни му зошто ќе прекинете да проучувате.

  • Кажи му дека одвреме-навреме ќе му се јавуваш или ќе го посетуваш за да го охрабриш, и дека во иднина би можеле да продолжите со проучувањето ако почне да прави промени.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како од овој разговор се гледа дека кај интересентот нема напредок во духовен поглед?

  • Како објавителот му помогна на интересентот да сфати дека е неопходно да прави промени?

  • Како објавителот остави простор библискиот курс да продолжи во иднина?