ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Не заборавај да се молиш за браќата кои се под прогонство
Во Библијата е проречено дека Сатана ќе нѐ прогонува во обид да ја спречи нашата служба (Јвн 15:20; От 12:17). Што можеме да направиме за браќата кои се прогонувани? Можеме да се молиме за нив. „Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра“ (Јк 5:16).
За што може да се молиме? Може да го молиме Јехова да им даде на нашите браќа и сестри храброст и да им помага да не се плашат (Иса 41:10-13). Освен тоа, може да се молиме властите да не го попречуваат проповедањето „за да можеме да водиме мирен и тивок живот“ (1Ти 2:1, 2).
Кога Павле и Петар биле прогонувани, христијаните во првиот век се молеле за нив по име (Де 12:5; Ри 15:30, 31). Дури и ако не ги знаеме имињата на сите браќа кои се прогонувани, би можеле ли да го спомнеме нивното собрание, земја или област?