Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Престанете да се грижите

Престанете да се грижите

Во Проповедта на гората Исус рекол: „Престанете да се грижите за својот живот“ (Мт 6:25, фус.). Бидејќи сме несовршени и живееме во свет со кој владее Сатана, нормално е понекогаш да бидеме загрижени. Но, Исус ги поучил своите ученици да не бидат претерано загрижени (Из 12:25). Зошто? Па, ако сме претерано загрижени, дури и за основните потреби, може да ни биде одвлечено вниманието и да ни биде потешко да го ставиме Царството на прво место (Мт 6:33). Она што Исус понатаму им го кажал на учениците може да ни помогне да не бидеме претерано загрижени.

За кои работи сакаш да престанеш да се грижиш?