Исус ги сакал луѓето
Во Матеј поглавја 8 и 9 се опишани настани кога Исус проповедал во Галилеја. Кога ги лекувал луѓето, тој ја покажал својата моќ, но што е уште поважно, покажал огромна љубов и сочувство кон другите.
-
Исус излекувал лепрозен човек (Мт 8:1-3)
-
Исус го излекувал слугата на едно воено лице (Мт 8:5-13)
Тој ја излекувал тештата на Петар (Мт 8:14, 15)
Истерувал демони и ги лекувал оние што страдале од своите болести (Мт 8:16, 17)
-
Исус истерал особено насилни демони и им наредил да одат во крдо свињи (Мт 8:28-32)
-
Исус излекувал еден парализиран човек (Мт 9:1-8)
Тој излекувал една жена која ја допрела неговата облека и ја воскреснал ќерката на Јаир (Мт 9:18-26)
Им го враќал видот на слепите и говорот на немите (Мт 9:27-34)
-
Исус патувал по градовите и селата, и лекувал луѓе со најразлични болести и со физички недостатоци (Мт 9:35, 36)
Како можам во уште поголема мера да покажувам љубов и сочувство кон другите?