ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Нашите конгреси — прилики да покажуваме љубов
Зошто толку многу ги сакаме конгресите? Исто како што било случај со празниците во древниот Израел, конгресите ни даваат можност да го обожаваме Јехова со стотици, па дури и со илјадници наши соверници. На нив добиваме богата духовна храна. Освен тоа, се радуваме што можеме да поминуваме време со пријателите и со семејството. Бидејќи многу ги цениме нашите конгреси, сакаме да присуствуваме сите три дена.
Во вакви прилики, кога се собираме заедно, не треба да мислиме само на она што ние може да го добиеме туку и на тоа како може да покажеме љубов кон другите (Га 6:10; Ев 10:24, 25). Покажуваме дека сме заинтересирани за другите со тоа што ќе му ја придржиме вратата некому или со тоа што ќе зафатиме само онолку седишта колку што ни се потребни (Фп 2:3, 4). Конгресите ни даваат можност да склопуваме нови пријателства. Пред и по програмата, како и за време на паузата, може да си поставиме за цел да се запознаеме со некого (2Ко 6:13). Ваквите пријателства можат да траат засекогаш. Што е најважно од сѐ, кога другите ќе ја видат љубовта меѓу нас, можеби ќе посакаат заедно со нас да му служат на Јехова (Јвн 13:35).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МЕЃУНАРОДНИ КОНГРЕСИ „ЉУБОВТА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА!“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како браќата и сестрите им покажаа љубов на делегатите од други земји кои присуствуваа на меѓународните конгреси во 2019 год.?
-
Зошто единството и љубовта меѓу Јеховиниот народ се толку впечатливи?
-
Кои обележја на христијанската љубов беа истакнати од членовите на Водечкото тело?
-
Како вистинската љубов победила во Германија и во Јужна Кореја?
-
На што треба да бидеме решени?