Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Родители, поучете ги своите деца за да ги заштитите

Родители, поучете ги своите деца за да ги заштитите

Живееме во свет во кој доброто се смета за лошо, а лошото за добро (Иса 5:20). Некои луѓе прават работи што Јехова ги мрази како, на пример, несоодветно се однесуваат со лица од ист пол. Можеби соучениците или некои други се обидуваат да ги наведат твоите деца да постапуваат како нив. Како можеш да му помогнеш на твоето дете исправно да постапи во такви ситуации?

Однапред подготви го детето така што ќе го поучиш за Јеховините мерила (3Мо 18:3). Постепено, во склад со неговата возраст, кажувај му што вели Библијата за сексуалните односи (5Мо 6:7). Прашај се: „Дали сум му помогнал на моето дете да сфати што се исправни изрази на наклоност, колку е важно да се носи пристојна облека и колку е важно другите да ја почитуваат неговата приватност? Ќе знае ли моето дете што да направи ако некој проба да му покаже порнографија или ако некој му рече да направи нешто што Јехова не го одобрува?“ Ако однапред им го кажеш на твоите деца она што треба да го знаат, ќе ги поштедиш од многу проблеми (Из 27:12; Про 7:12). Со тоа што ќе ги поучуваш за сексуалните односи, ќе покажеш дека ги сакаш и дека ги сметаш за скапоцено наследство од Јехова (Пс 127:3).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗГРАДИ КУЌА ШТО ЌЕ ИЗДРЖИ СЀ — ЗАШТИТИ СИ ГИ ДЕЦАТА ОД „ОНА ШТО Е ЗЛО“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто на некои родители не им е лесно да зборуваат со своите деца за сексуалните односи?

  • Зошто родителите треба да ги воспитуваат децата „со стега од Јехова“ и да им помогнат „да го усвојат неговиот начин на размислување“? (Еф 6:4).

  • Знаењето е заштита

    Кои помагала од Јеховината организација можат да ги користат родителите за да ги поучат своите деца за сексуалните односи? (w19.05 12, рамка).

  • Зошто треба редовно да комуницираш со своите деца уште пред да се појават проблеми?