Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Луѓе од сите јазици треба да ја чујат добрата вест

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Вложуваме труд секој да ја чуе добрата вест

Вложуваме труд секој да ја чуе добрата вест

Исто како што ги организирал Израелците во минатото, и денес Јехова ги организира своите слуги за да го вршат делото што им го дал. Подружниците, покраините, собранијата и групите за проповедање низ целиот свет соработуваат заедно за да може да се проповеда добрата вест. Ние им проповедаме на сите, вклучувајќи ги и оние кои зборуваат некој друг јазик (От 14:6, 7).

Дали си размислувал да учиш друг јазик за да можеш да му помогнеш некому да ја дознае вистината? Дури и да немаш доволно време да учиш јазик, можеш да научиш некоја едноставна презентација на некој друг јазик. Додека ја користиш во службата, ќе ја почувствуваш радоста што ја чувствувале браќата од првиот век кога луѓе од други земји биле воодушевени затоа што слушале „за величествените Божји дела“ на својот јазик (Де 2:7-11).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ СТАНИ ПОВЕШТ ВО СЛУЖБАТА — ПРОПОВЕДАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕ НА КОЕ СЕ ЗБОРУВААТ ПОВЕЌЕ ЈАЗИЦИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како можеш да се подготвиш за да проповедаш на место каде што се зборуваат повеќе јазици?

  • Кои јазици се зборуваат на твоето подрачје?

  • Што треба да направиш ако некој што зборува друг јазик покаже интерес за пораката за Царството? (od 100-101, пас. 39-41).