Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Помогни им на интересентите да избегнуваат лошо друштво

Помогни им на интересентите да избегнуваат лошо друштво

За да стекнат пријателство со Јехова, интересентите мора да изберат добро друштво (Пс 15:1, 4). Добрите пријатели можат да им помогнат да го прават она што е исправно (Из 13:20; lff лекција 48; lvs поглавје 3).

Додека му помагаш на интересентот да избегнува лошо друштво, покажувај разбирање за него. Можеби не му е лесно да престане да се дружи со старите пријатели. Затоа, и во деновите кога не проучувате покажи дека си лично заинтересиран за него. Би можел да му пишеш порака, да му се јавиш или да го посетиш. Кога ќе забележиш дека почнал духовно да напредува, би можел да го поканиш на дружење со браќата и сестрите. Тогаш ќе може јасно да види дека ќе добие многу повеќе отколку што ќе изгуби (Мр 10:29, 30). Тоа што Јеховиното семејство ќе се зголеми, ќе ти донесе радост и тебе.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОМОГНИ ИМ НА ТВОИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ ДА ИЗБЕГНУВААТ ЛОШО ДРУШТВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што е лошо друштво? (1Ко 15:33).

  • Како Џејд си замислуваше дека изгледаат дружењата на Јеховините сведоци?

  • Како Нита ѝ помогна на Џејд да го замени лошото друштво со добро?