Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Зајакни си ја верата во Божјата Реч

Зајакни си ја верата во Божјата Реч

Божјата Реч може да ни го промени животот (Ев 4:12). Сепак, за да извлечеме корист од нејзините совети и упатства, треба да бидеме уверени дека таа навистина е „реч Божја“ (1Со 2:13). Како може да си ја зајакнеме довербата во Библијата?

Секој ден читај по нешто од Библијата. Додека читаш, труди се да најдеш докази дека Јехова е нејзиниот Автор. На пример, читај ги советите од книгата Изреки и размислувај колку тие се корисни и за нашево време (Из 13:20; 14:30).

Проучувај и истражувај. Труди се да најдеш докази кои потврдуваат дека Библијата е книга од Бог. Такви докази можеш да најдеш во Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци под темата „Библија“ во делот „Вдахновена од Бог“. Исто така, можеш да се увериш дека пораката од Библијата не се променила така што ќе ги разгледаш информациите од статијата „Како Библијата опстанала до ден-денес“, која излезе во Разбудете се! од ноември 2007 год.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЗОШТО ВЕРУВАМЕ ДЕКА... БИБЛИЈАТА Е БОЖЈА РЕЧ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како едно откритие на ѕидот на храмот во Карнак (Египет) ја потврдува веродостојноста на Божјата Реч?

  • Од каде знаеме дека пораката од Библијата не се сменила?

  • Како тоа што Библијата опстанала до ден-денес те уверува дека таа е Божја Реч? (Прочитај Исаија 40:8.)