Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Уште сега подготви се за итна медицинска интервенција

Уште сега подготви се за итна медицинска интервенција

Зошто треба да се подготвиш? Можеби неочекувано ќе ти се појави потреба од итна медицинска интервенција или ќе треба да престојуваш во болница. Затоа, уште сега искористи го сето она што ти стои на располагање за да ја добиеш најдобрата медицинска нега доколку тоа се случи. На тој начин ќе покажеш почит кон животот и кон Јеховиниот закон за крвта (Де 15:28, 29).

Што можеш да направиш за да се подготвиш?

  • Моли се и внимателно пополни ја картичката Трајно полномоштво за здравствена грижа (ТП картичка). a Крстените објавители можат да добијат ваква картичка од слугата за литература, како и Легитимација (ic) за нивните малолетни деца.

  • Ако си бремена, побарај од старешините да ти дадат примерок од документот Информации за идни мајки (S-401). Овој документ ќе ти помогне да донесеш добри одлуки во врска со некои проблеми кои би можеле да се појават за време на бременоста и породувањето.

  • Доколку ти е потребна некоја медицинска постапка во која може да биде вклучена крв или доколку треба да престојуваш во болница, однапред извести ги старешините и извести ја болницата дека прифаќаш посети од претставници на Јеховините сведоци.

Како може да ти помогнат старешините? Тие можат да ти помогнат да ја пополниш ТП картичката. Сепак, старешините нема да донесат одлуки наместо тебе, ниту пак да кажуваат свои мислења за работи кои се оставени на личен избор (Ри 14:12; Га 6:5). Кога ќе ги известиш старешините од твоето собрание дека се соочуваш со ситуација во која може да биде вклучена употреба на крв, тие веднаш ќе стапат во контакт со Одборот за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци со цел да ти помогнат.

Како може да ти помогне Одборот за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци? Браќата кои служат во овој одбор се обучени да им помогнат на медицинските лица и на правниците да го разберат нашиот став во врска со крвта. Тие можат да разговараат со оние кои ти пружаат медицинска нега за тоа какви начини на лекување постојат во кои не е вклучена трансфузија на крв. Доколку е потребно, можат да ти помогнат да најдеш лекар кој ќе го почитува твојот став во врска со крвта.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКО ДА НОСИМЕ ДОБРИ ОДЛУКИ ВО ВРСКА СО УПОТРЕБАТА НА КРВ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како овој видеоклип може да ти помогне да се подготвиш за итна медицинска интервенција во која е вклучена употреба на крв?

a Лекција 39 од книгата Радувај му се на животот засекогаш може да ти помогне да донесеш одлуки кои се поврзани со употребата на крв.