ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Јехова ни помага кога доживуваме неволји
Во текот на овие последни денови, сите доживуваме многу неволји. Понекогаш, можеби имаме чувство дека се премногу тешки за да може да ги поднесеме. Сепак, ако и понатаму вложуваме труд да стануваме сѐ поблиски со Јехова, тој ќе ни помогне да ги издржиме дури и најтешките неволји (Иса 43:2, 4). Како може да се зближиме со Јехова кога доживуваме неволји?
Молитва. Кога му ги кажуваме на Јехова нашите најдлабоки мисли и чувства, тој ни дава внатрешен мир и сила за да можеме да истраеме (Фп 4:6, 7; 1Со 5:17).
Состаноци. Повеќе од кога и да е порано, потребни ни се духовната храна и охрабрувањето од браќата и сестрите што ги добиваме од Јехова преку состаноците (Ев 10:24, 25). Кога се подготвуваме за состаноците, присуствуваме и учествуваме на нив, извлекуваме целосна корист од помошта на Јеховиниот свет дух (От 2:29).
Служба на проповедање. Ќе ни биде полесно да се концентрираме на позитивните работи ако правиме сѐ што можеме за да останеме зафатени во службата на проповедање. Исто така, ќе го зајакнеме пријателството со Јехова и со нашите соработници (1Ко 3:5-10).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЈЕХОВА ЌЕ БИДЕ БЛИСКУ ДО ТЕБЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Што ѝ помогнало на Малу да остане блиска со Јехова додека минувала низ неволји?
-
Слично како Малу, како зборовите од Псалм 34:18 можат да нѐ утешат кога доживуваме неволји?
-
Како искуството на Малу покажува дека Јехова ни дава сила „која ја надминува нормалната“ кога се соочуваме со неволји? (2Ко 4:7).