Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Постави си цели за периодот околу Спомен-свеченоста

Постави си цели за периодот околу Спомен-свеченоста

Секоја година, Јеховините слуги со нетрпение очекуваат заедно да ја одбележат Спомен-свеченоста. Во седмиците пред и по Спомен-свеченоста имаме посебна можност да го фалиме Јехова и да му благодариме за откупнината (Еф 1:3, 7). На пример, даваме сѐ од себе за да поканиме други лица на Спомен-свеченоста. Некои се во можност да направат промени во својот распоред за да служат како помошни пионери со 30 или 50 часови во текот на месец март или април. Дали ти би сакал повеќе време да учествуваш во службата во периодот околу Спомен-свеченоста? Што може да ти помогне во тоа?

Честопати, повеќе постигнуваме кога однапред си правиме план (Из 21:5). Бидејќи наскоро ќе започне периодот на Спомен-свеченоста, сега е време да почнеш да планираш. Размисли како би сакал да си ја зголемиш службата во текот на тој период и што треба да правиш за да ги оствариш твоите цели. Потоа, моли го Јехова да го благослови твојот труд (1Јо 5:14, 15).

На кои начини би можел да си ја зголемиш службата во периодот на Спомен-свеченоста?