Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Труди се да дознаеш што мисли Јехова

Труди се да дознаеш што мисли Јехова

Ние сакаме да го радуваме Јехова со сѐ што правиме (Из 27:11). За таа цел, треба да носиме одлуки кои се во склад со неговиот начин на размислување дури и кога нема јасна заповед за нешто. Што може да ни помогне да го правиме тоа?

Редовно проучувај ја Библијата. Секогаш кога ја читаме Библијата, тоа е како да поминуваме време со Јехова. Можеме да учиме како размислува Јехова така што ќе читаме и ќе размислуваме за начинот на кој постапувал со своите слуги и така што ќе проучуваме за оние што правеле добри или лоши работи во негови очи. Кога треба да донесеме некоја одлука, светиот дух може да нѐ потсети на некои важни поуки и начела кои сме ги дознале од Божјата Реч (Јвн 14:26).

Истражувај. Кога стоиш пред некоја одлука, прашај се: „Кои стихови или извештаи од Библијата можат да ми помогнат да разберам како Јехова гледа на оваа работа?“ Моли го Јехова за помош и користи ги алатките за истражување од нашата организација кои се достапни на твојот јазик за да најдеш библиски начела кои се однесуваат на твојата ситуација и да ги примениш (Пс 25:4).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СО ИСТРАЈНОСТ ДА ЈА ТРЧАМЕ ТРКАТА“ — ХРАНИ СЕ ЗДРАВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Со какви притисоци се соочи сестрата од видеоклипот?

  • Како тоа што ќе истражуваш во нашите публикации може да ти помогне да се справиш со слични притисоци?

  • Како ни користи тоа што одвојуваме време да истражуваме и да проучуваме за да носиме добри одлуки? (Ев 5:13, 14).