Предлог-презентации
СТРАЖАРСКА КУЛА
Прашање: Библијата преживеала многу обиди да биде уништена — зарем тоа не покажува дека таа е книга од Бог?
Стих: Иса 40:8
Понуда: Ова списание објаснува како Библијата била зачувана и покрај многуте напади.
СТРАЖАРСКА КУЛА (последна страница)
Прашање: Што мислите Вие за ова прашање? [Прочитај го првото прашање на 16. страница.] Некои сметаат дека религијата ја измислиле луѓето. Други мислат дека религијата е начин преку кој можеме да бидеме блиски со Бог. Што мислите Вие?
Стих: Јк 1:27, фус.
Понуда: Оваа статија објаснува што друго кажува Библијата за религијата. Ако сакате, во некоја друга прилика може повторно да разговараме за некои мисли од оваа статија.
ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!
Прашање: За жал, секојдневно сме изложени на лоши вести. Но, дали сте знаеле дека многу од она што се случува денес било проречено во Библијата? [Почекај да одговори.] Според Вас, кои од работите што се запишани овде се исполнуваат денес?
Стих: 2Ти 3:1-5
Понуда: Оваа брошура објаснува зошто лошата состојба во светот е знак дека наскоро ќе дојде подобро време. [Обработи го второто прашање од лекција 1.]
СМИСЛИ СВОЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
На темел на претходните примери, смисли своја презентација.