Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЛУКА 6-7

Давајте великодушно

Давајте великодушно

6:38

Оној што е великодушен спремно дава од своето време, сила и средства за да им помогне и да ги охрабри другите.

  • Формата на грчкиот глагол кој се преведува со „давајте“ укажува на трајно дејство.

  • Кога имаме навика да даваме, и другите ќе бидат поттикнати да ни „сипат во скутот добра мера, набиена, натресена и преполна“. Овој израз може да се однесува на обичајот што го имале некои продавачи да им го наполнат скутот од горната облека на купувачите со намирниците кои ги купиле.