„Вие сте повредни од многу врапчиња“
Во кој контекст Исус ги кажал зборовите од Лука 12:6, 7? Од 4. стих гледаме дека тој им рекол на своите следбеници да не се плашат од оние што може да им се противат, па дури и да ги убијат. Исус ги подготвил своите ученици за противењето со кое ќе се соочеле подоцна. Тој ги уверил дека Јехова го сака и го цени секој свој слуга и дека нема да дозволи да му биде нанесена трајна штета.
Како можеме по примерот на Јехова да покажеме дека се грижиме за оние што се прогонувани?
Каде можеме да ги најдеме најновите информации за Јеховините сведоци кои се затворени поради својата вера?
Колку браќа и сестри се наоѓаат во затвор?