Што е потребно за да го следиш Исус?
За да изора прави бразди, еден орач не смее да дозволи вниманието да му го одвлечат работите зад него. Слично на тоа, еден христијанин нѐ смее да дозволи работите од светот што ги оставил зад себе да му го одвлечат вниманието (Фп 3:13).
Кога доживуваме тешкотии, би можеле да почнеме да копнееме по старите „добри“ времиња, можеби по времето пред да дојдеме во вистината. Би можеле да почнеме да мислиме дека порано не сме имале толку проблеми и дека сме биле посреќни. Токму тоа го правеле Израелците откако излегле од Египет (4Мо 11:5, 6). Ако го храниме нашиот ум со такви мисли, би можеле да се вратиме на поранешниот начин на живот. Колку е подобро да размислуваме за благословите што ги имаме сега и за благословите што Царството ќе ги донесе во иднина! (2Ко 4:16-18).