ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Немојте да бидете загрижени“
Во древниот Израел, Јехова им помагал на сиромашните. А како е денес? На кои начини тој им помага на своите слуги кои се сиромашни?
-
Ги поучува да имаат урамнотежен став кон парите (Лк 12:15; 1Ти 6:6-8).
-
Им помага да имаат самопочит (Јов 34:19).
-
Ги поучува да бидат трудољубиви и да се чуваат од штетни навики (Из 14:23; 20:1; 2Ко 7:1).
-
Им помогнал да станат дел од неговата организација во која владее единство и љубов (Јвн 13:35; 1Јо 3:17, 18).
-
Им дава надеж (Пс 9:18; Иса 65:21-23).
Сеедно во колку тешка ситуација се наоѓаме, не треба да бидеме претерано загрижени (Иса 30:15). Сѐ додека Царството ни е на прво место, Јехова ќе се грижи за нашите материјални потреби (Мт 6:31-33).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЉУБОВТА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА, ДУРИ И... АКО ЖИВЕЕШ ВО СИРОМАШТИЈА — КОНГО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како браќата што живеат близу конгресните локации покажуваат гостопримство кон оние што живеат подалеку?
-
Како од овој видеоклип се гледа дека Јехова ги сака сиромашните?
-
Како може да го следиме примерот на Јехова без оглед на тоа колку имаме во материјален поглед?