ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Не е премногу тешко да бидеме храбри
Да бидеш храбар значи да бидеш цврст, решителен и смел. Но, тоа не значи дека никогаш не чувствуваш страв, туку дека правиш нешто и покрај тоа што се плашиш. Јехова е изворот на вистинската храброст (Пс 28:7). Како можат младите да покажат дека се храбри?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БИДИ КАКО ХРАБРИТЕ, А НЕ КАКО ПЛАШЛИВИТЕ, КОЈ СЕ ТЕМЕЛИ НА ЗАМИСЛЕНО СЦЕНАРИО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Во кои ситуации им е потребна храброст на младите?
-
Кои библиски извештаи може да нѐ поттикнат да бидеме храбри?
-
Како тоа што покажуваме храброст ни користи нам, но и на другите што нѐ гледаат?