ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Како да ги користиш предлозите за разговор
Браќата вложуваат многу труд за да ги подготват предлозите за разговор, и многу објавители увиделе дека тие даваат добри резултати на нивното подрачје. Сепак, околностите во светот се разликуваат. Затоа, кога се во служба, објавителите можат поинаку да ги започнуваат разговорите или да зборуваат на тема која повеќе би ги интересирала луѓето на нивното подрачје. Се разбира, сите треба да ги следат упатствата во врска со посебните акции. Наша цел е да бидеме послушни на заповедта на Исус да ја проповедаме добрата вест за Царството (Мт 24:14).
Кога ги изнесуваат своите задачи, објавителите треба да зборуваат на темата што е дадена во предлозите за разговор во Нашиот живот и служба — работни листови (на пример, за јули и август, темата е Божјата намера со луѓето). Но, тие можат да користат друго прашање, друг стих и друго прашање за повторна посета, како и друга ситуација во која се одвива приказот, кои се најсоодветни за вашето подрачје, освен ако во работните листови не се наведени други упатства за конкретната задача. Ова е промена на упатството кое се наоѓа на страница 8 во работните листови од јуни 2020 год.