Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ | ПОСТАВИ СИ ЦЕЛИ ЗА НОВАТА СЛУЖБЕНА ГОДИНА

Пресели се онаму каде што има поголема потреба

Пресели се онаму каде што има поголема потреба

Доколку сакаш да се преселиш на друго место со цел да ја зголемиш својата служба, потребна ти е вера (Ев 11:8-10). Ако размислуваш да се преселиш на место каде што има поголема потреба од објавители, разговарај со старешините од твоето собрание. Кои практични работи можеш да ги направиш за да процениш дали тоа е реалистична цел за тебе и за да одлучиш каде да одиш? Проучувај статии и гледај видеоклипови кои зборуваат на таа тема. Разговарај со оние што веќе се преселиле во друго собрание каде што имало потреба (Из 15:22). Моли го Јехова да ти помогне да донесеш мудра одлука (Јк 1:5). Дознај нешто повеќе за местото каде што би сакал да се преселиш и, ако е можно, пред да донесеш одлука, појди таму на некое време.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ СО ВЕРА ЗГОЛЕМИ ЈА СЛУЖБАТА ЗА ЈЕХОВА — ПРЕСЕЛИ СЕ ОНАМУ КАДЕ ШТО ИМА ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Кои промени требало да ги направи Габриел во своето размислување, и што му помогнало во тоа?