Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Ти можеш да придонесеш твоето семејство да биде радосно

Ти можеш да придонесеш твоето семејство да биде радосно

Јехова сака семејствата да бидат среќни (Пс 127:3-5; Про 9:9; 11:9). Сепак, може да се случи да ја изгубиме радоста поради притисокот што го врши овој свет и поради грешките на членовите на нашето семејство. Што може да прави секој за семејството да биде радосно?

Сопругот ѝ искажува почит на својата сопруга (1Пе 3:7). Тој поминува време со неа. Мажот има реалистични очекувања од својата жена и покажува дека го цени она што таа го прави за него и за семејството (Кол 3:15). Тој покажува со своите зборови и постапки дека ја сака, и ја пофалува (Из 31:28, 31).

Сопругата бара начини да го поддржува својот сопруг (Из 31:12). Таа му е подложна и соработува со него (Кол 3:18). Таа е љубезна со него и зборува добро за него (Из 31:26).

Родителите им посветуваат време на своите деца (5Мо 6:6, 7). Тие им кажуваат на децата дека ги сакаат (Мт 3:17). Кога треба да ги исправат своите деца, па дури и можеби да ги казнат, родителите треба да покажуваат љубов и разборитост (Еф 6:4).

Децата ги почитуваат и им се послушни на родителите (Из 23:22). Тие им кажуваат на своите родители за што размислуваат и како се чувствуваат. Ги прифаќаат советите и исправките од родителите и им покажуваат почит (Из 19:20).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРИДОНЕСУВАЈ ЗА РАДОСТ ВО СЕМЕЈСТВОТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГО СЛЕДНОВО ПРАШАЊЕ:

Што направи секој за семејството да биде радосно?