Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Какви цели имаш за новата службена година?

Какви цели имаш за новата службена година?

Во духовни цели спаѓа сето она што се трудиме да го постигнеме за да може да му служиме на Јехова во уште поголема мера и да го радуваме. Тие ни помагаат да станеме позрели христијани, и вреди да жртвуваме дел од нашето време и сила за да ги оствариме (1Ти 4:15). Зошто треба редовно да ги преиспитуваме нашите цели? Бидејќи околностите ни се менуваат. Можеби некоја цел која сме си ја поставиле во минатото повеќе не е реалистична за нас или можеби сме оствариле некоја цел и сега може да си поставиме друга.

Добар период за да ги преиспитаме нашите цели е пред почетокот на нова службена година. На Семејната вечер би можеле да разговарате на оваа тема и да си поставите некои лични цели или цели на кои би можеле да работите како семејство.

Кои конкретни цели си ги имаш поставено на следниве полиња, и како планираш да ги оствариш?

Читање на Библијата, лично проучување, присуство на состаноците, коментирање (w02 15/6 14-15, пас. 14-15)

Служба на проповедање (w23.05 27, пас. 4-5)

Христијански особини (w22.04 23, пас. 5-6)

Друго: