Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Посебна акција во септември со која ќе го објавуваме Божјето Царство!

Посебна акција во септември со која ќе го објавуваме Божјето Царство!

Во текот на месец септември, ќе вложиме посебен труд за да им кажеме на луѓето дека Божјето Царство е единственото решение за проблемите на човештвото (Мт 24:14). Како можеш да учествуваш во оваа акција? Во текот на тој месец, труди се да споделиш еден стих за Божјето Царство со што е можно повеќе луѓе. Ако некој покаже интерес, понуди му примерок од Стражарска кула бр. 2, 2020. Потоа, колку што е можно побрзо направи повторна посета и обиди се да започнеш библиски курс со брошурата Радувај му се на животот засекогаш. Оние што ќе служат како помошни пионери во септември ќе можат да изберат дали ќе поминат 15 или 30 часа во службата.

Наскоро, Божјето Царство ќе ги уништи сите влади кои му се противат (Да 2:44; 1Ко 15:24, 25). Да ја искористиме оваа можност за да покажеме дека верно го поддржуваме Јехова и неговото Царство!