ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Одбрана и законско потврдување на правото да се проповеда добрата вест
Кога противниците се обиделе да ги спречат Израелците да го градат храмот, градителите го направиле она што било неопходно за да добијат законско право да продолжат со работата (Езр 5:11-16). Слично на тоа, и христијаните денес прават сѐ што е потребно за да го одбранат и законски да го потврдат правото да ја проповедаат добрата вест (Фп 1:7). За таа цел, во 1936 год., беше формирано Правно одделение во главното седиште. Денес, Правното одделение во главното седиште се грижи за одбрана на правата што ги имаме како Јеховини сведоци. Како она што го прави ова одделение помогнало да се врши проповедничкото дело и како му користело на Божјиот народ?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОБИКОЛКА НА ПРАВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ГЛАВНОТО СЕДИШТЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
На какви проблеми со законот наишле Јеховините сведоци?
-
Кои правни победи ги извојувавме? Наведи пример.
-
Како секој од нас може да придонесе за одбрана и за законско потврдување на правото да се проповеда добрата вест?
-
Каде на нашата интернет-страница на некои јазици може да најдеме информации во врска со правните случувања кои го засегаат Божјиот народ како и список со Јеховини сведоци кои се затворени поради својата вера?