Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Тие неуморно ни служат

Тие неуморно ни служат

Покраинските надгледници и нивните сопруги покажуваат самопожртвувана љубов кон оние на кои им служат. Исто како секој од нас, и тие имаат свои потреби и понекогаш се чувствуваат уморно, обесхрабрено или загрижено (Јк 5:17). И покрај тоа, тие секоја седмица даваат сѐ од себе за да ги охрабрат браќата и сестрите во собранието кое го посетуваат. Покраинските надгледници навистина се „достојни за двојна чест“ (1Ти 5:17).

Кога планирал да ги посети браќата и сестрите во собранието во Рим за да им даде „некаков духовен дар“, апостол Павле едвај чекал заемно да се охрабрат (Ри 1:11, 12). Дали си размислувал како можеш да го охрабриш покраинскиот надгледник, а и неговата сопруга доколку тој е во брак?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОКРАИНСКА СЛУЖБА НА СЕЛО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • На кои начини покраинските надгледници и нивните сопруги покажуваат самопожртвувана љубов кон собранието?

  • Како тебе лично ти користи она што тие го прават?

  • Како можеме ние да ги охрабриме?