ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Првите 100 години на Божјето Царство
Оние што сакаат да бидат поданици на Божјето Царство треба да научат што е можно повеќе за него и за сѐ што тоа ќе постигне. Зошто? Ова не само што ќе ја зајакне нивната вера дека Божјето Царство владее туку и ќе ги поттикне да им ја пренесуваат на другите добрата вест за него (Пс 45:1; 49:3). Додека го гледаш видеоклипот Првите 100 години на Божјето Царство, обиди се да ги одговориш следниве прашања:
-
Каква корист имале оние што ја гледале „Фотодрамата за создавањето“?
-
Како се користело радиото за добрата вест да стигне до луѓето?
-
Кои други методи се користеле за да се проповеда добрата вест, и каков бил резултатот од тоа?
-
Како објавителите добивале сѐ подобра обука низ годините?
-
Каква практична обука добиле учесниците на Школата Гилеад?
-
Како Јеховиниот народ бил поучуван преку конгресите?
-
Што те уверува дека Божјето Царство владее?
-
Како може да покажеме дека го поддржуваме Божјето Царство?