Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Избегни ги замките на социјалните мрежи

Избегни ги замките на социјалните мрежи

ЗОШТО Е ВАЖНО: Социјалните мрежи можат да бидат корисни или штетни. Некои христијани решиле воопшто да не користат социјални мрежи. Други христијани, пак, преку нив контактираат со семејството и пријателите. Но, Сатана сака да ги користиме социјалните мрежи на немудар начин кој може да ги наруши нашиот углед и нашето пријателство со Јехова. Исто како Исус, со помош на начелата од Божјата Реч можеме да ги увидиме опасностите и да ги избегнеме (Лк 4:4, 8, 12).

ЗАМКИ ОД КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВАМЕ:

  • Трошење премногу време на социјалните мрежи. Ако трошиме премногу време на социјалните мрежи, нема да имаме доволно време за духовните активности.

    Библиски начела: Еф 5:15, 16; Фп 1:10

  • Гледање сомнителни содржини. Ако гледаме провокативни слики, можеме да станеме зависници од порнографија или да направиме неморал. Читањето интернет-страници или форуми со отпаднички содржини може да ни ја разниша верата.

    Библиски начела: Мт 5:28; Фп 4:8

  • Ставање непристојни коментари или слики. Бидејќи срцето е измамливо, постои опасност да почнеме да ставаме непристојни коментари и слики на социјалните мрежи. Но, на тој начин можеме да нарушиме нечиј углед или да спрепнеме некого во духовен поглед.

    Библиски начела: Ри 14:13; Еф 4:29

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈ ДА СЕ ЗАПЛЕТКАШ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, А ПОТОА РАЗМИСЛИ КАКО МОЖЕШ ДА ГИ ИЗБЕГНЕШ СЛЕДНИВЕ СИТУАЦИИ: