ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Во сѐ оди по стапките на Исус
Исус ни оставил пример кој треба да го следиме, особено кога доживуваме неволји или прогонство (1Пе 2:21-23). Иако бил навредуван, не возвраќал со иста мера, дури и кога доживувал страдања (Мр 15:29-32). Што му помогнало да истрае? Тој бил решен да ја врши Јеховината волја (Јвн 6:38). А мислел и на радоста што стоела пред него (Ев 12:2).
Како реагираме ние кога некој се однесува лошо со нас поради нашата вера? Вистинските христијани не враќаат зло за зло (Ри 12:14, 17). Ако постапуваме како Исус кога доживуваме страдања, можеме да бидеме радосни бидејќи така му угодуваме на Јехова (Мт 5:10-12; 1Пе 4:12-14).
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈВАЖНО Е ДА СЕ ПОСВЕТИ ЈЕХОВИНОТО ИМЕ, А ПОТОА ОДГОВОРЕТЕ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како сестра Пецингер мудро го користела времето кога била во самица?
-
Какви страдања доживеале брат и сестра Пецингер додека биле во разни концентрациони логори?
-
Што им помогнало да истраат?