Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Мудро бирај како ќе се забавуваш

Мудро бирај како ќе се забавуваш

Зошто мора да донесуваме мудри одлуки во поглед на изборот на забава? Бидејќи кога избираме кој филм да го гледаме, која песна да ја слушаме, која интернет-страница да ја посетиме, која книга да ја читаме или која видеоигра да ја играме, ние, всушност, избираме со што ќе си го полниме умот. Нашите одлуки влијаат врз нашето однесување. За жал, поголемиот дел од забавата која е достапна денес содржи работи кои Јехова ги осудува (Пс 11:5; Га 5:19-21). Од таа причина, Библијата нѐ поттикнува да размислуваме за работи кои му носат слава на Јехова (Фп 4:8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКВА ЗАБАВА ДА ИЗБЕРАМ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како некои денешни видови забава наликуваат на гладијаторските борби во древниот Рим?

  • Како можат членовите на собранието да им помогнат на младите мудро да бираат како ќе се забавуваат?

  • Како стихот од Римјаните 12:9 треба да влијае врз нашиот избор на забава?

  • Кои корисни видови забава се достапни во местото каде што живееш?