Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ГАЛАТИТЕ 4-6

Извештај со „преносно значење“

Извештај со „преносно значење“

4:24-31

Апостол Павле го спомнал извештајот поврзан со Агара и Сара, кој имал „преносно значење“, за да истакне зошто новиот сојуз има поголема вредност од сојузот на Законот. Под власта на Христос и неговите совладетели, луѓето ќе бидат ослободени од гревот, несовршеноста, страдањата и смртта (Иса 25:8, 9).

 

АГАРА — РОБИНКАТА

Дословниот Израел кој бил под сојузот на Законот, со Ерусалим како главен град

САРА — СЛОБОДНАТА ЖЕНА

Горниот Ерусалим, односно небесниот дел од Божјата организација

„ДЕЦАТА“ НА АГАРА

Евреите (кои биле во сојуз со Јехова преку Мојсеевиот закон) го прогонувале и го отфрлиле Исус

„ДЕЦАТА“ НА САРА

Христос и 144-те илјади помазани христијани

РОПСТВО ПОД СОЈУЗОТ НА ЗАКОНОТ

Законот ги потсетувал Израелците дека се робови на гревот

СЛОБОДА ПОД НОВИОТ СОЈУЗ

Оние што покажале вера во Христовата жртва биле ослободени од осудата на Законот