ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Бог што составил...“
Според Мојсеевиот закон, оној што сакал да се разведе од својата жена требало да подготви правен документ. Целта на ова било да се спречат избрзани одлуки за развод. Сепак, во времето на Исус, верските водачи овозможиле лесно да се добие развод. Мажот можел да се разведе од својата жена од било која причина (nwtsty белешки за Мр 10:4, 11). Исус го истакнал фактот дека бракот го основал и озаконил Јехова (Мр 10:2-12). Мажот и жената требало да станат „едно тело“ и бракот требало да биде трајна врска. Според паралелниот извештај на Матеј, единствена библиска основа за развод е прељубата (Мт 19:9).
Денес повеќето гледаат на бракот како фарисеите, а не како Исус. Штом се појават проблеми во бракот, луѓето во светот веднаш бараат развод. За разлика од нив, христијаните на брачниот завет гледаат како на нешто многу сериозно, и се трудат да ги решаваат проблемите со помош на библиските начела. Гледајте го клипот Љубовта и заемната почит го обединуваат семејството, а потоа дискутирајте за следниве прашања:
-
Како можеш да го примениш Изреки 15:1 во твојот брак, и зошто ова е важно?
-
Како Изреки 19:11 може да ти помогне да избегнеш некои проблеми?
-
Ако бракот ти е на стаклени нозе, наместо да размислуваш за развод, кои прашања треба да си ги поставиш?
-
Како Матеј 7:12 може да ти помогне да бидеш подобар сопружник?