Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАРКО 9-10

Видение кое ни ја зајакнува верата

Видение кое ни ја зајакнува верата

9:1-7

Замисли како се чувствувал Исус кога, за време на видението за преобразувањето, неговиот небесен Татко рекол дека му е по волја. Тие зборови сигурно го зајакнале Исус и му помогнале да го издржи страдањето кое стоело пред него. Ова видение оставило силен впечаток и врз Петар, Јаков и Јован. Тоа ги уверило дека Исус навистина бил Месијата, и дека навистина вреди да му бидат послушни. Околу 32 години подоцна, Петар сѐ уште се сеќавал на овој настан и на тоа како му била зајакната верата во „пророчката реч“ (2Пе 1:16-19).

Иако ние не сме биле сведоци на ова видение, денес го гледаме неговото исполнување. Исус владее како моќен Цар. Наскоро, ќе тргне „во конечна победа“ и ќе ни овозможи да живееме во еден нов праведен свет (От 6:2).

Како тоа што го гледаш исполнувањето на некое библиско пророштво ти ја зајакнува верата?